Хроника од 6-та седница

Скопје, 21.02.2024 – На 6та седница одржана на 19.02.2024г., поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозвола, Советот на Агенцијата покрена 12 постапки за одземање на дозволи за радио и телевизиско емитување на следниве радиодифузери: ТВ ЕДО Скопје, ТВ ШУТЕЛ Скопје, Телевизија КОЧАНИ ЛД, ТВ КАЛТРИНА Струга, РФМ Скопје, Радио ХИТ ФМ Скопје, Радио ВАЛАДОВО, ГАЛАКСИ 2002 Кавадарци, Радио АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Кичево, ХИТ РАДИО Струмица, Радио РЕД ФМ Тетово и Радио Ускана Плус Кичево.

Врз основа на констатации од редовни програмски надзори, Советот на Агенцијата донесе три Решенија за изрекување на мерка јавна опомена за операторите Мултимедија Нетворк Гостивар, Теленет Ком Тетово и Инфел-КТВ Охрид, односно поради повреда на член 141 од ЗААВМУ – реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За потребите на Агенцијата и согласно Планот за јавни набавки за 2024 година, Советот одобри спроведување на постапки за јавна набавка на услуги: систематски прегледи и превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.



Accessibility

Accessibility