Скопје, 11.2.2026 – На 6 седница одржана на 5 февруари 2026 година, Советот на АВМУ даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за усвојување на Конечен извештај за извршен попис на предмети, опрема, потрошен материјал, ситен инвентар, побарувања и обврски на АВМУ за 2025 година со пописни листи од извршен попис во АВМУ за 2025 година.
Советот го одложи разгледувањето на точката што се однесува на давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка на услуга – наем на возила (оперативен лизинг).