Скопје, 12.02.2025 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 6-та седница одржана на 11.02.2025г., донесе Одлука со која дозволи промена во сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ТВ МТМ ДООЕЛ Скопје. Со предложените промени на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво ТВ МТМ ДООЕЛ Скопје, не се создава недозволена медиумска концентрација во смисла на ЗААВМУ, односно оваа промена не е спротивна на забраната од членовите 34, 35 став 2 или 38 од истиот Закон.
Воедно, Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата, да донесе Одлуката за усвојување на Конечниот извештај за извршениот попис на предметите, опремата, потрошниот материјал, ситниот инвентар и побарувањата и обврските, на Агенцијата за 2024 година и Пописните листи од извршениот попис во Агенцијата за 2024 година.