Хроника од 6-та седница

 

СКОПЈЕ, 29.01.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа и усвои извештаите од мониторингот на програмските сервиси на РАДИО КАНАЛ 77, ТВ Ера и ТЕЛЕВИЗИЈА СОНЦЕ емитувани на 18, 19 и 20 јануари 2013 година.

 

СРД заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

 

– Потврда за дополнување на регистрираниот дигитален програмски пакет бр.14 на  Друштвото за производство трговија угостителство сообраќај и услуги МУЛТИМЕДИЈА НЕТВОРК Л ДООЕЛ експорт-импорт Гостивар со програмските сервиси 24 Вести и Канал 5;

 

-Потврда за дополнување на регистрираниот програмски пакет бр.6 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги ВИН САТ ДОО Виница со програмските сервиси Sport Klub, Sport Klub+, Golf Klub, Fishing & Hunting, Ultra и Cinemania.

 

Во врска со сателитското емитување на програмскиот сервис на регионалниот радиодифузер ТРД ТВ Ера, СРД заклучи на ТВ Ера да и упати укажување дека во Република Македонија, програмскиот сервис не може да се реемитува надвор од подрачјето за кое има добиено дозвола за вршење радиодифузна дејност, т.е регионот на Скопје, додека за неговото емитување во други земји нема законски пречки. Воедно, СРД заклучи на сите оператори на јавна комуникациска мрежа надвор од Скопје да им испрати допис дека не може да го реемитуваат програмскиот сервис на ТВ Ера.

 

СРД  заклучи на сите оператори на јавна комуникациска мрежа да им наложи затемнување за време на реемитувањето на ТВ серијата „Изборот на Лара“ – втора  сезона при реемитувањето на телевизискиот програмски сервис OBN од Босна и Херцеговина.

 

Во врска со барањето на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ за преиспитување на законитоста на реемитувањето на телевизиските програмски сервиси на арена Спорт 1, 2, 3 и 4, СРД заклучи дека нема основ за интервенција на Советот за радиодифузија за  заштита на авторските и сродните права во областа на радиодифузијата, додека по другите основи за заштита наведени во барањето треба да се изјасни Комисијата за заштита и конкуренција на РМ, на барање на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ.



Accessibility

Accessibility