СКОПЈЕ, 30.12.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги разгледа извештаите од мониторингот на програмските сервиси ТВ Менада – Тетово, емитуван на 12 декември 2013г, ТВ Нова – Гевгелија, емитуван на 7 декември 2013г, ТВ Студио ТЕРА – Битола, емитуван на 6 декември 2013, Клуб ФМ – Скопје, емитуван на 18 декември 2013г, ТВ Канал Вис – Струмица, емитуван на 6 декември 2013г, ТВ АРТ – Тетово, емитуван на 12 декември 2013г и ТВ ТВМ – Охрид, емитуван на 14.12.2013 година.
Советот за радиодифузија одлучи да постапи на следниов начин:
-на ТВ Менада и упати 2 (две) укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетните лица – едното за необележување на промотивните најави за играната програма со визуелен знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува и второто поради тоа што емитувана играна програма е означена со сигнализацијата за заштита на малолетната публика само пред почетокот, но не и за целото нејзино времетраење;
-на ТВ Студио ТЕРА и изрече мерка писмена опомена за несоодветен термин на емитување програма и укажување за емитување прикриено рекламирање;
-на Клуб ФМ му изрече 2(две) мерки времена забрана за рекламирање и телешопинг и тоа: времена забрана за рекламирање телешопинг од два дена за емитување помалку од 30% вокално- инструментална музика на македонски јазик и забрана за рекламирање телешопинг од еден ден за неозначување и неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата со акустички средства.
-на ТВ Канал Вис му изрече 2 (две) писмени опомени за непочитување на правилата за заштита на малолетните лица – едната за необележување на промотивните најави за играната програма со визуелен знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува и втората за несоодветен термин на емитување на програма.
-на ТВ АРТ му изрече 3 (три) писмени опомени – едната за непочитување на правилата за заштита на малолетните лица, односно неозначување на програмите пред почетокот со акустично и визуелно предупредување и не емитување постојано визуелно предупредување во текот на програмата, втората за емитувани програми на странски јазици непреведени на албански јазик и третата за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час.
-на ТВ ТВМ и упати укажување за неиздвојување на телешопингот и рекламите од другите делови на програмата со оптички или акустички средства.
На ТВ Нова – Гевгелија не се констатирани прекршувања на Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти.
СРД ја усвои Информацијата за доставени валидни договори за регулирани авторски права за емитувана играна програма од Македонската радиотелевизија (МТВ 1 и МТВ 2) и трговските радиодифузни друштва – телевизиите на сите нивоа на емитување во Република Македонија. Радиодифузерите коишто го известиле Советот дека не емитуваат играна програма или дека емитуваат играна програма исклучиво од сопствено производство, треба до Советот да достават снимки од емитуваната програма во последните 30 дена, а радиодифузерите кои не доставиле валидни договори за авторски и сродни права, да го сторат тоа најдоцна до 20 јануари.
Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:
-на ТРД – Oператор на кабелска мрежа ИНФЕЛ КТВ ДОО Охрид, Потврда бр. 12 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Redlight Premium TV, Teme – XTV, Prive TV, Diablo TV, Aljazeera Balkan, 24 Kitchen и TVE.
– на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 49 која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискииот програмски сервис: Da Vinci.
– на ТРД– оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел –дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свeти Николе,Струмица, Кочани,Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 23 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Rai Uno, Rai Due, RTL 1, RTL 2, Super RTL, Slovenia 2, KIKA, VOX, TVE, RTS Sat и HRT 1.
– на ТРД – операторна кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр. 22 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Planeta, MTV Adria, VH1, Travel, Travel HD, TV 1000, Viasat Explorer и Viasat History.
– ТРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен, Потврда бр.19 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Planeta, MTV Adria, VH1, Travel, Travel HD, TV 1000, Viasat Explorer и Viasat History.
– на ТРД– оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Свeти Николе, Струмица, Кочани,Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 24 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Hajat Plus, Duga TV, KCN Music, Luxe TV HD, True Movies 1, Bliss, Buz Muzik, Chart Show TV, Chart Show Dance, Flava, Scuzz, The Vault, Kix, Pop, Flaunt, True Entertainment, True Drama и TB 5 Mond.
– на ТРД –оператор на кабелска мрежа КДС ВТ Пробиштип, Потврда бр. 6 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Канал 5, Алсат М, ТВ Стар(регионална), Д1 (регионална) и National Geographic.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ ДОО Струмица, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Канал 5, Алсат М, Телма, ТВ Вис (регионална), ТВ Кобра(регионална), ТВ Нова Гевгелија(локална), Balkanika, Fen TV, Planeta, Atlas TV, Russia Today, Russia Today Doc, Palma Plus, B92 Info, TV Soko, Alternativna TV, Kopernikus, KCN Music и Svet Plus.
– на ТРД –оператор на кабелска мрежа МОБИ СЕРВИС Прилеп, Потврда бр.2 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Канал 5, ТВ Вижн БМ(регионална), AXN, TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer и Viasat Nature.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа СКУПИ КАБЛЕ Скопје, Потврда бр.4со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Sport Klub, Sport Klub +, Sport Klub Prime, Fishing & Hunting, Ultra, Cinemania, Golf Klub, Mini Ultra и IQS Live.
-на ТРД –оператор на кабелска мрежа КТВ 69 с.Истибања Виница, Потврда бр. 4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: Алфа ТВ, Наша ТВ, Канал 5, ТВ Стар(регионална), Д1 (регионална), ТВ Ирис(регионална), Planeta, Russia Today и Russia Today Doc.
– на ДИГИ ТРД-оператор на кабелска мрежа РИ-ГО КАБЕЛ САТ Скопје, Потврда бр. 8 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:Канал 5, Наша ТВ, Алфа ТВ, Алсат М, Planeta, Atlas TV, Palma Plus, TV Soko, Russia Today и Russia Today Doc.
– на ДИГИ ПЛУСМУЛТИМЕДИАСкопје, Потврда 18 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси:FOX и FOX Movies.