Скопје, 20 февруари 2026 година – На седмата седница, одржана на 18 февруари 2026 година, Советот на АВМУ покрена три постапки за одземање дозволи поради неплатен годишен надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување. Радиодифузерите ТВ МТМ – Скопје, ТВ Едо – Сарај и Радио 99 – Скопје имаат рок од 15 дена за подмирување на обврската.
Воедно, Советот донесе Решение за бришење од Регистарот на радиодифузери на РТД Телевизија Сонце ДООЕЛ Прилеп.
Советот даде и одобрување за спроведување постапки за јавни набавки за следните услуги: превентивно и адаптивно одржување на интегрираниот софтвер за правно, финансиско и економско работење, како и одржување на противпожарната спринклер-инсталација (сува потстаница, прскалки и пумпи) и одржување на противпожарни апарати. Постапките се предвидени со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, а средствата за нивна реализација се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.