Хроника од 7-та седница

Скопје, 28.02.2024 – На денешната седница Советот на Агенцијата го прифати Извештајот и донесе Одлука за усвојување на годишната сметка на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година.

Поради исполнување на обврската од член 80 став 5 од ЗААВМУ, односно плаќање на годишниот надоместок за дозвола во целост, Советот на Агенцијата донесе 5 Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволи за радио и телевизиско емитување на следниве радиодифузери: ХИТ РАДИО Струмица,  Радио РЕД ФМ Тетово,  ГАЛАКСИ 2002 Кавадарци, ТВ ЕДО Скопје и ТВ КАЛТРИНА Струга.

Советот на Агенцијата донесе Заклучок за прекин на постапките по доставени Барања за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на град Битола и град Тетово, до завршување на изборот на претседател на РСМ, пратеници во Собранието на РСМ и изборот на Владата на РСМ во 2024г., по што истите ќе продолжат согласно одредбите од ЗААВМУ.



Accessibility

Accessibility