Скопје, 2.3.2026 – На 8 седница одржана на 26 февруари 2026 година, Советот на Агенцијата го прифати Извештајот за годишната сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година, и донесе Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2025 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот донесе Одлука за продолжување на дозволата за телевизиско емитување на Трговското радиодифузно друштво Топ Естрада ДООЕЛ Тетово, за период од девет години, од 8.3.2026 година до 7.3.2035 година.
Воедно, Советот покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското радиодифузно друштво Телевизија Кочани-ЛД ДООЕЛ Кочани, поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно неплаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување. Радиодифузерот има рок од 15 дена за подмирување на обврската.
Советот ја прифати и Информацијата за плаќање на годишната членарина во Европската платформа за регулаторни тела (ЕПРА) за 2026 година.