Скопје, 24.02.2025г. – На 8-та седница, Советот на Агенцијата донесе повеќе одлуки и заклучоци во рамките на своите надлежности.
Советот донесе Решенија за запирање на постапките за одземање на дозволите за радио емитување на ТРД ГАЛАКСИ – 2002 ДООЕЛ Кавадарци и ТРД ЏЕЗ ФМ ДООЕЛ Скопје, откако овие радиодифузери го платија годишниот надоместок во целост.
Исто така, беше покрената постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО РЕД ФМ ДООЕЛ Тетово, поради неисполнување на законската обврска за плаќање на годишниот надоместок.
Советот ја усвои Годишната сметка на Агенцијата за 2024 година, која ќе биде доставена до Управата за јавни приходи и до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар, во согласност со законските прописи.
Во рамките на надзорните активности, Советот изрече јавни опомени на следниве радиодифузери: ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово доби јавна опомена поради непочитување на член 51 од ЗААВМУ (не обезбеди информации што треба да им се направат достапни на корисниците) и за прекршување на член 14 од Законот за медиуми (не објави податоци за импресум), додека ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар доби јавна опомена поради неправилна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица, како и за непочитување на законската обврска за емитување најмалку 30% македонски аудиовизуелни дела.
Дополнително, беше донесен и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Советот одобри спроведување на јавна набавка за превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење, во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2025 година, и даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за набавка на услуга: градежно-занаетчиски работи во објектот на Агенцијата, со вредност под праговите за примена на Законот.
Сите донесени Одлуки се во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и останатите релевантни регулативи.
Одлуките ќе бидат јавно достапни на https://avmu.mk/2025/02/24