Хроника од 8-та седница

 

СКОПЈЕ, 06.02.2013- Во врска со барањето за согласност за промена на сопственичката структура на ТРД Телевизија Кочани –ЛД ДООЕЛ од Кочани, Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница заклучи да издаде одобрение за промена на сопственичката структура, со оглед на тоа што не се создава недозволена медиумска концентрација, односно не постојат формално – правни пречки.

 

СРД го усвои Извештајот од мониторингот на однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања. Во периодот од 24 јануари до 2 февруари 2013 година не се констатирани прекршувања на  одредбите од Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања.

 

СРД го разгледа Извештајот од анализата на контактната емисија „Вие и вашето здравје“, емитувана на 29 јануари 2013 година, на ТВ Амазон ДООЕЛ Скопје и заклучи на радиодифузерот да му изрече мерка забрана за рекламирање и телешопинг со времетраење од еден ден, бидејќи содржината на споменатата емисија има потенцијал да поттикне верска омраза и нетрпеливост.

 

За извршениот попис на основните средства, ситниот инвентар, материјалите и резервните делови во магацинот, побарувањата и обврските на Советот за радиодифузија на РМ за 2012 година, СРД донесе неколку Одлуки за усвојување на соодветните Пописни листи.

 

Во врска со барањето на Министерството за информатичко општество и администрација за статусот на имплементација  на стандардот ISO 9001:2008, СРД заклучи, во рок да се извести Министерството за текот на активностите кои се преземаат за имплементација на споменатиот стандард



Accessibility

Accessibility