Скопје, 2 март 2026 година – На 9 седница одржана на 2 март 2026 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе три решенија за запирање на покренатите постапки за одземање на дозволите за радио и телевизиско емитување на Радио 99 Скопје, ТВ Едо и Прва Скопска ТВ (ТВ МТМ).
Донесено е и Решение за бришење од Регистарот на радиодифузери на Супер Радио ДООЕЛ Охрид.
Воедно, Советот даде и одобрување за дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, како и за спроведување постапка за јавна набавка на авио билети.