Хроника од 9-та седница

Скопје, 28.02.2025г. –  На 9-та седница, Советот на Агенцијата донесе повеќе одлуки и заклучоци во рамките на своите надлежности.

Советот донесе Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување, на Трговското друштво за радио-дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје, поради неплатен годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

Исто така, Советот донесе Решенија за запирање на постапките за одземање на дозволите за радио и телевизиско емитување на АЛФА ТВ Скопје, Т.В. КАЛТРИНА Струга, РФМ Скопје, Телевизија Кочани-ЛД и ТВ МТМ Скопје, откако овие радиодифузери го платија годишниот надоместок во целост.

Одлуките ќе бидат јавно достапни на https://avmu.mk/category/sednici-ct/odluki-akti-od-sednici/



Accessibility

Accessibility