Хроника од 9-та седница

 

СКОПЈЕ, 12.02.2013- Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница го разгледа Извештајот од мониторингот на однесувањето на радиодифузерите пред започнување на изборната кампања, во периодот од 3 до 8 февруари 2013 година, со исклучок на телевизија  Канал 5 за која мониторингот е завршен заклучно со 5 февруари и Наша ТВ, за која мониторингот е завршен заклучно со 7 февруари. Во анализираните периоди не се констатирани прекршувања на одредбите од Правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања.

СРД, во врска со барањето на обврзник за плаќање радиодифузна такса од местото викано Потокот, Велес, донесе Одлука за негово ослободување од плаќање на радиодифузната такса, поради немање покриеност со радиодифузен сигнал.

СРД одлучи да достави допис до Друштвото  за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ – Скопје да ја комплетира документацијата по барањето за регистрација на пакет програмски сервиси бр. 03/2013 од 21.01.2013 година, во рок од 15 дена од приемот на дописот, со напомена дека во спротивно ќе му биде отфрлено барањето во однос на оние програмски сервиси за кои не се исполнети условите за регистрација. Воедно, Советот заклучи да му наложи на ТОТАЛ ТВ – Скопје веднаш да  престане со реемитување на следниве програмски сервиси: ТВ Алфа од Република Македонија; B 92 Info од Република Србија; SOS од Република Србија; TV Palma Plus одРепублика Србија ; RTS 1 од Република Србија; Cinemania од Република Србија; Crime &Investigation од САД; Pink Еxtra од Република Србија; Pink Plus од Република Србија; Pink Folk од Република Србија; Pink Family oд Република Србија; Pink Music од Република Србија, Private Spice oд САД; и French lover TV oд Холандија.

СРД заклучи да издаде неколку потврди за регистрирани програмски пакети и тоа:

Потврда за регистриран програмски пакет бр.10 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис OBN; 

Потврда за регистриран програмски пакет бр.11 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Jugoton TV; 

Потврда за регистриран програмски пакет бр.12 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДООЕЛ Скопје, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Dorcel TV;

Потврда за регистриран програмски пакет бр. 7на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги ВИН САТ ДОО Виница, со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис HRT3;

Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр. 39 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Прилеп со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Планета Фолк;

Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр. 40 на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА EНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Прилеп со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси Drama, CBS Reality, FLN, Extreme Sport; и

Потврда за регистриран дигитален програмски пакет бр. 2 на ТРД – оператор на кабелска мрежа СКУПИ КАБЛЕ Скопје со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси Сител 3, Канал 5, Канал 5 плус, Наша ТВ, Ера, TOP Channel, Klan TV, Klan KS, Digi Plus, Film Aksion, Film Komedi, Film Triller, Exp Shkence, Exp Nature, Bang Bang, Cufo TV, T-channel и My Music.



Accessibility

Accessibility