Хроника од 9-та седница

Скопје, 16.02.2018г. – На денешната седница Советот на Агенцијата донесе пет Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, ТРД РАДИО ФАМА ДОО Тетово, ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД ЛАЈФ РАДИО ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје.

Предлогот за покренување на постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговско радиодифузно друштво ТВ МТМ ДООЕЛ Скопје, бр.08-16 од 05.01.2015 година беше повлечен од Дневниот ред на 8-та седница, бидејќи радиодифузерот во меѓувреме го уплатил надоместокот за дозволата за телевизиско емитување.

Воедно, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја прифати Информацијата во врска со дополнување на техничката спецификација за предметот на јавна набавка – услуга „Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс“.



Accessibility

Accessibility