Скопје, 22.02.2019г. – Поради прекршување на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност во утврдениот рок, Советот на Агенцијата покрена 3 постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување за следниве радиодифузери: Радио ФАМА ДОО Тетово, ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје и ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево.
Советот на Агенцијата донесе и 5 Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозволата за телевизиско емитување на следниве радиодифузери: ТДРД СПЕКТРА Општина Лабуништа, ТРД ТВ АНИСА с.Пласница, Универзитетско Радио УГД ФМ Штип, ТРД ТВ ДИБРА Дебар и ТРД ТВ ЗДРАВКИН Велес.
Најавената точка во врска со роковите и редослед на изрекување мерки и точката која се однесува на писмениот извештај за извршен програмски надзор бр.10-5601/1 од 28.12.2018 година со изјаснување од ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип, се одложени за првото продолжение на 9та седница.