Јавна седница бр. 31 од 24.06.2013

Советот ја закажува јавната 31-ва седница на Советот за радиодифузија на РМ за 24.06.2013 година (понеделник), со почеток во 10,00 часот.

За седницата се предлага следниот:
 
                                                                       Д н е в е н   р е д
 
1.Усвојување на Записникот од 27-та седница на Советот одржана на 06.06.2013 година.

2.Информација за преземање на понатамошни активности кои произлегуваат од Законот за безбедност и здравје при работа, со предлог заклучоци.

3.Барање за изменување на Годишниот план за јавни набавки и на Финансискиот план на СРД за 2013 година заради спроведување на обврските од Законот за еднакви можности на жените и мажите и од Националната стратегија за родова еднаквост 2013 – 2020.

4.Предлог за изменување и дополнување на Финансискиот план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година, бр.01-6246/1 од 08.12.2012 година.
 
5.Предлог за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година (Пречистен текст), бр.01-2695/1 од 07.06.2013 година.

6.Информација за емитувана играна програма (кинемотографски играни и анимирани филмови и ТВ серии и серијали) на програмата на регионалниот радиофузер ТВ ЕДО – с.Љубанци, Скопје, во времето од 9–ти до 16-ти  ј уни 2013 година, со предлог заклучоци.

7.Информација во врска со доставеното Известување за престанок на емитување телевизиска програма од страна на ТРД Телевизија Крт  ДООЕЛ Скопје (наш бр.07-250 од 14.06.2013 година).

8.Информација за исполнување на обврската од член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност од страна на радиодифузерите кои емитуваат ТВ програмски сервис преку јавна комуникациска мрежа која не користи ограничен ресурс, со анализа на доставените договори.

9.Разно

  



Accessibility

Accessibility