1. Родот во телевизиските програми: резултати од истражувањата на третманот на родовите прашања и на претставувањето на жените и мажите – презентација на проф. д-р Катерина Колозова.
Седницата ќе се одржи во просториите на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на бул. “Маркс и Енгелс” бр.3 – Скопје (деловен простор на “Агромеханика” АД Скопје).
На седницата поканети се да присуствуваат претставници од: Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика; Комисија за заштита од дискриминација; Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Собрание на Република Македонија; Народен правобранител; Хелсиншки комитет; Здружение за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“; Институт за родови студии при УКИМ; МРТ (МТВ1 и МТВ2); Телма; Канал 5; Сител; Алсат М; UN Womеn;