05.02.2010г. СРД додели три нови дозволи за телевизии на локално ниво и една сателитска телевизија

spiljeСКОПЈЕ, 05 февруари 2010 – Советот за радиодифузија додели вкупно четири дозволи за вршење радиодифузна дејност. Една дозвола за локална телевизија од општ формат на албански јазик преку кабел е доделена во Дебар. Во Прилеп е доделена дозвола за локална телевизија преку кабел на македонски јазик. Нова локална телевизија преку кабел со содржини на македонски јазик ќе има и во Струга.

СРД исто така додели една дозвола за телевизија преку сателит на албански јазик, којашто ќе ја покрива територијата на целата држава.

(Фото: ТВ репетитор во Дебар; извор: МРД)



Accessibility

Accessibility