27.01.2010г. Советот за радиодифузија препорача категоризација на спотовите од новата јавна кампања за борба против злоупотребата на дроги

image_pdfimage_print

Во однос на поединечните спотови СРД предложи спотот насловен како „Живот“ да се емитува во текот на целиот ден.

konsultaciiСКОПЈЕ, 27 јануари 2010 – Советот за радиодифузија, согласно законската обврска да води сметка за содржините што се емитуваат на програмските сервиси заради заштита на малолетната публика
одлучи да им препорача на радиодифузерите да ги категоризираат телевизиските спотови од најновата јавна кампања за борба против злоупотребата на дроги.

(фотографија: консултации на СРД со експерти за заштита на децата и заедничко гледање на спотовите)

По изведената комуниколошка анализа и по извршените консултации со експерти за заштита на децата, психијатари, социолози и практичари во образованието и воспитанието на децата СРД констатира дека содржината на спотовите налага нивна категоризација:

„СРД ја поддржува оваа кампања како и општите напори за борба против злоупотребата на дроги. Сепак, поради реализмот на експлицитните сцени на користење дрога, насилство и однесување, коешто е опасно за безбедноста на луѓето им препорачува на радиодифузерите спотовите да ги емитуваат во оној дел од денот, соодветен на нивната содржина заради заштита на малолетната публика“ – заклучија членовите на СРД.

Во однос на поединечните спотови СРД предложи спотот насловен како „Живот“ да се емитува во текот на целиот ден. Останатите спотови – „Тело за еден грам“, „Последната црта“, „Ден потоа“ и „Денот кога мајка и’ плачеше“ да се емитуваат по 22:00 часот. СРД исто така смета дека по секој од овие спотови, означени како „содржина наменета за публика постара од 16 години“ да се емитува спотот „Живот“.



Accessibility

Accessibility