16.05.2010г. Милаим Фетаи е новиот заменик-претседател на СРД

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ 26.05.2010 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска го констатираше истекувањето на мандатот на заменик-претседателот, Фарук Омерагиќ и на истата седница го избра м-р Милаим Фетаи за нов заменик-претседател на СРД.

Заблагодарувајќи им се на сите членови на СРД, кои едногласно го поддржаа, Милаим Фетаи рече: „Имајќи предвид дека СРД како независно регулаторно тело има една многу значајна улога во развојот на демократијата и во изградбата на една модерна демократска Македонија, мојот избор како заменик-претседател го сфаќам како една голема обврска во натамошната надградба и продолжение на досегашните заложби, особено од аспект на придонесот што го го дава СРД за воспоставување на стандарди во сферата на радиодифузијата, кои ќе придонесат за побрзо достигнување на полноправно членство во евроатланските структури. Ефективната и независна регулација на медиумскиот пејзаж е од исклучително значење за натамошната демократизација на нашето општество. Задоволство ми е што сум дел од Советот за радиодифузија и што во наредните 6 години ќе ги вложам сите знаења и искуства во токму во насока на унапредување на медиумската регулација заради создавање амбиент, што максимално ќе ја гарантира слободата на говор и на медиумите согласно со европските стандарди.“

Членовите на СРД исто така го констатираа истекот на мандатот и на досегашниот член, Панче Наумов. Претседателот на СРД, Зоран Стефаноски на Омерагиќ и на Наумов им се заблагодари за огромниот придонес што го дадоа во текот на минатите четири години за развојот на радиодифузната сфера во Македонија и за етаблирарњето на СРД како независно тело.



Accessibility

Accessibility