06.10.2010г. Писмена опомена за ТВА1 поради неемитување програма

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 06 октомври 2010 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница и’ изрече мерка „писмена опомена“ на Телевизија А1 поради самоволното прекинување на програмата на 4 октомври.

ТВ А1 со прекинувањето на програмата го прекрши членот 72 од Законот за радиодифузната дејност, којшто предвидува обврска телевизија на државно ниво да емитува најмалку 12 часа програма дневно.

На седницата на СРД беше констатирано дека во последниот случај со ТВ А1, јавноста беше доведена во заблуда дека СРД и’ изрекол мерка забрана за емитување програма на оваа телевизија, што воопшто не е точно, туку изречената мерка се однесуваше исклучиво на забрана за рекламирање од еден ден од претходен изборен циклус. Истовремено, членовите на СРД ги повикаа медиумите самоволно да не ги применуваат казните што ги предвидува законот, туку тоа да го прават исклучиво по одлука на СРД.

Исто така беше потенцирано дека радиодифузерите се должни да ги почитуваат обврските што ги презеле со добивањето на дозволата за вршење радиодифузна дејност. СРД ја нагласува одлучноста и понатаму да не дозволи како независно регулаторно тело врз него да влијаат центрите на економска или политичка моќ или радиодифузната индустрија.



Accessibility

Accessibility