СКОПЈЕ, 18.10.2010 – На денешната седница на Советот за радиодифузија (СРД), беа издадени четири дозволи за локални радиостаници: една дозвола за Пробиштип, една за Крива Паланка, една за Тетово и една за Кичево.
Исто така, СРД на поранешното локално јавно радио Валандово, по успешната трансформација, му додели на дозвола за комерцијална радиостаница на локално ниво.