05.11.2010г. Српскиот амбасадор го посети СРД

image_pdfimage_print

05.11.2010, СКОПЈЕ – Унапредувањето на досегашната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на електронските медиуми, натамошната професионализација на медиумите на српски јазик во Македонија и задоволувањето на потребите на српската заедница за информирање во Македонија беа во фокусот на денешната средба меѓу претседателот на Советот за радиодифузија (СРД),

Зоран Стефаноски, заменик претседателот, Милаим Фетаи, членот на СРД, Бранко Радовановиќ со амбасадорот на Република Србија во Скопје, Томислав Ѓурин.

На српската заедница и’ се потребни повеќе локални информации на српски јазик, како во комерцијалниот медиумски сегмент така и во сегментот на јавната радиодифузија – е заклучокот на претседателот Стефаноски и амбасадорот Ѓурин.

 

Претставниците на СРД го уверија амбасадорот Ѓурин, дека ќе ги поддржуваат легитимните барања на претставниците на српскиот народ во Македонија во духот на Охридскиот рамковен договор и согласно важечката легислативна рамка ќе направат максимални напори во насока на зголемување на обемот на медиумски содржини не само на српски јазик, туку и на јазиците на останатите немнозински заедници во Р. Македонија.


Accessibility

Accessibility