СКОПЈЕ, 26.11.2010 – Членовите на Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница изразија загриженост поради последните случувања во националната телевизија А1. СРД побара информација од институциите кои вршеле инспекција за нивните активности во просториите,
каде што е сместена оваа телевизија, како и од самата телевизија за СРД да може да изгради целосна слика за настанатата ситуација и да заземе релевантен став.
СРД ги повика институциите на системот да овозможат непречено извршување на професионалните задачи на новинарите, да ја гарантираат слободата на информирање и движење на новинарите и да создаваат услови за непречено функционирање на медиумите.
Како регулаторно тело за електронски медиуми СРД апелира до политичките партии да не создаваат тензија во медиумите заради придобивање на политички поени.
СРД и понатаму одблизу ќе го следи развојот и разрешувањето на оваа ситуација.