На сила стапија правилниците на СРД за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 28.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска ги извести сите радиодифузери дека на 27 април 2011 година во „Службен весник на Република Македонија“ број 60, се објавени „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања“ и „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања.“

Истовремено, СРД ги повика радиодифузерите своето работење веднаш да го усогласат со овие подзаконски акти. Доколку при мониторингот бидат констатирани прекршувања, СРД веднаш ќе ги изрече соодветните мерки.

Правилниците во Службен весник беа објавени на 27 април, а официјално стапија на сила денеска, 28 април.



Accessibility

Accessibility