26.05.2011г. Во Охрид започна пролетниот состанок на Европската платформа на регулаторни тела во организација на СРД

image_pdfimage_print
ОХРИД, 26.05.2011 – Денеска во Охрид започна пролетниот состанок на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА). Состанокот го отвори претседателот на Советот за радиодифузија (СРД), Зоран Стефаноски, со презентација за медиумскиот пејзаж во Република Македонија.

Фрагментираноста на медиумскиот пазар во Македонија и процесот на дигитализација беа во фокусот на обраќањето на Стефаноски. Како главни краткорочни предизвици беа наведени транспонирањето на ЕУ директивата за аудио-визуелни медиумски сервиси, преку што ќе се создаде правна рамка, којашто ќе осигури транспарентна медимска сопственост и ќе ги намали влијанијата од центрите на политички и економски моќи.
Главните теми на 33тиот состанок на ЕПРА се: Регулацијата на содржините во новите медиуми, користењето на дигиталната дивиденда, регулацијата на пласирањето производи и услуги, дигитализацијата на радиото, а во петок ќе биде претставено и истражувањето за ефективноста на регулаторните тела.
На состанокот на ЕПРА учествуваат околу 150 претставници на регулаторни тела за медиуми од цела Европа, задкавкаскиот регион и Израел.
Гости на состанокот на ЕПРА се и претставници од Советот на Европа, Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, ЕБУ, Водафон.



Accessibility

Accessibility