02.12.2011г. СРД ја казни ТВ Канал 5 поради говор на омраза во „Миленко Неделковски Шоу“

СКОПЈЕ, 02.12.2011 – Два дена забрана за емитување реклами и телешопинг е мерката што денеска Советот за радиодифузија (СРД) и’ ја изрече на телевизијата Канал 5 поради емитувани програмски содржини, што содржеле говор на омраза.

Комуниколошката анализа на програмата на ТВ Канал 5, емитувана на 18 ноември 2011, констатираше дека во емисијата на ТВ Канал 5, „Миленко Неделковски Шоу“ бил прекршен членот 69 од Законот за радиодифузната дејност. Имено, додека водителот и автор на емисијата зборува за оние новинари кои претходно работеле во ТВ А1, Шпиц и Време, тој го проблематизира нивното вработување во други медиуми, без притоа да обезбеди каков било контекст или аргументи зошто нивното ново работно место е спорно, ниту пак има можност да се чуе другата страна. На овој начин, гледачите можат само да чујат кои новинари, според Неделковски, се предавници, платеници, полициски доушници и тастери, поради што се добива впечаток дека истите тие новинари се виновни поради тоа што мислат или дејствуваат поинаку од водителот на емисијата.
При етикетирањето и стигматизирањето на своите неистомисленици – пред се’, една група новинари – Миленко Неделковски покажува отворена нетрпеливост со елементи на говор на омраза и креира непријателска атмосфера.
СРД во духот на програмските стандарди ги повикува сите медиумски работници преку нивното работење да се стремат кон објективно информирање на јавноста и намалување на општествените тензии.


Accessibility

Accessibility