СКОПЈЕ, 07.12.2012 – Идната медиумска регулација, нејзиниот опсег, задачите и мандатот на регулаторното на СРД како регулаторно тело беа во фокусот на дискусијата околу новиот закон што ќе ја регулира медиумската сфера на кој покрај членовите на СРД учествуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски, Комисијата за заштита на конкуренцијата, АЕК, МРТ, Делегацијата на ЕУ во Македонија и други институции.
Овој состанок, што се одржа во просториите на СРД, е еден од повеќето планирани работни средби, наменети за дефинирање на новото законско решение за медиуми – процес, потпомогнат со странски експерт, од програмата TAIEX на ЕУ.