27.12.2011г. Даден дополнителен рок за четири сателитски телевизии да започнат со емитување преку сателит

СКОПЈЕ, 27.12.2011 – На денешната седница, СРД ја разгледа информацијата во однос на почитувањето на обврската на сателитските телевизии да емитуваат преку сателит како примарно емитување. Заради собирање на дополнителни факти околу сателитскиот пренос,

СРД одлучи на четирите сателитски радиодифузери („БМ Телевизија“, „Наша ТВ“, „Џангл ТВ“ и „Перспектива ТВ“ – Скај нет плус, сите од Скопје) да им даде рок до 15 февруари 2012 да го регулираат своето работење согласно Законот за радиодифузната дејност и со доделената дозвола.

СРД одлучи да го извести ЈП МРТ за преземените активности од страна на СРД во врска со нивното барање за преземање мерки против ТВ Алфа како и за тоа дека наведениот радиодифузер ги отстранил повредите на член 61 од ЗРД уште во првата наредна епизода на серијалот „Живот- 20 години независност“.
Усвоени беа Предлог програмата за работа на СРД за 2012, како и  „Извештајот од вториот работен состанок и презентацијата Нацрт-извештајот на РМ за Среднорочниот универзален периодичен преглед“ и „Извештајот од учеството на регионалниот семинар „Родова еднаквост и медиумите“.
На седницата членовите на СРД ги разгледаа и констатираните прекршувања на Законот за радиодифузната дејност кај локалните телевизии. Најчестите прекршувања се однесуваат на непочитување на правилата за заштита на малолетната публика како и на правилата за рекламирање.
Број на изречени укажувања и мерки по радиодифузер:

Кочани:

ТВ Кочани: 4 укажувања.
ТВ Канал8: 3 укажувања.

Свети Николе:

ТВ Свет: 2 укажувања и 1 писмена опомена.

Куманово:

ТВ Нова: 2 писмени опомени и 6 укажувања.
ТВ Далга КРТ: 2 писмени опомени со обврска за објавување.
Тв Феста: 3 укажувања и 1 писмена опомена со обврска за објавување.
ТВ Хана: 5 укажувања.



Accessibility

Accessibility