28.12.2011г. СРД одржа состанок со ТВ Сител и Алсат-М во врска со емитувањето на серијалот „Долина на волците“

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 28.12.2011 – Во СРД денеска беа одржани состаноци со претставници од ТВ Сител и Алсат – М во врска со емитувањето на серијалот „Долина на волците“ со цел поефективна заштита на малолетна публика.  Од страна на СРД им беше укажано дека поради прекумерното насилство, овој серијал мора да биде емитуван по 22:00 часот, односно да биде категоризиран како

„содржина што не се препорачува за деца под  16 годишна возраст“. Истото важи и за емитувањето на репризите на овој серијал, коишто подлежат на истата програмска категорија. СРД ќе толерира емитување на репрезите и пред 22:00 часот, само доколку радиодифузерите со претходна согласност на продуцентот на серијалот интервенираат во содржината, во смисла на редуцирање на приказите со насилство.

Средбата со претставниците од ТВ Сител и ТВ Алсат-М ја инцираше СРД откако при редовниот мониторинг беше утврдено дека содржински овој серијал мора да се категоризира за „публика 16+“ и по претставки на граѓани во однос на употребата на прекумерно насилство, што би можело штетно да се одрази врз психичкиот, физичкиот и моралниот развој на малолетната публика. И двата радиодифузери ги прифатија укажувањетa на СРД.



Accessibility

Accessibility