03.01.2012г. Препорака на СРД до радиодифузерите во однос на денот на жалоста

СКОПЈЕ, 03.01.2012 – Поради смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, денешниот ден, вторник, 3 јануари, е прогласен за ден на жалост во Република Македонија.

Препорачуваме сите електронски медиуми програмските содржини да ги усогласат со денот на жалоста. Пожелно е да не се емитуваат содржини од забавен карактер: ток-шоу, хумористични содржини, преноси од спортски натпревари, интерактивни игри, игри на среќа, квизови, несоодветна музика и слично. Воедно, доколку е изводливо, СРД препорачува да се емитува пристојно меморијално портретирање на починатиот претседател.

Програмскиот сектор на СРД стои на располагање доколку радиодифузерите имаат дополнителни прашања во однос на обликувањето на програмата на следните контакти:

 

тел. 02/3103400

е-пошта: monitoring@srd.org.mk.



Accessibility

Accessibility