СРД повикува медиумите да промовираат култура на толеранција во општеството

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 11 март 2012 – Советот за радиодифузија (СРД) изразува загриженост за начинот на известување во однос на актуелните инциденти на насилство. Затоа им укажува на радиодифузерите, при медиумското покривање на овие инциденти да придонесуваат кон намалување на тензиите, кон унапредување на општествениот дијалог, да промовираат култура на толеранција и да не поттикнуваат омраза и нетрпеливост.

СРД истовремено ги повикува радиодифузерите да избегнуваат сензационалистичко известување и нагласување на етничките и верските разлики како и да ги почитуваат програмските стандарди од Законот за радиодифузната дејност, особено обврската објективно и непристрасно да ги прикажуваат настаните, со еднаков третман на различни гледишта и мислења и да овозможат слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.

СРД внимателно го следи известувањето на радиодифузерите и ќе ги презема сите законски мерки, доколку забележи говор на омраза и ширење нетрпеливост во нивните програми.



Accessibility

Accessibility