18.04.2012г. М-р Зоран Трајчевски е новиот претседател на СРД

СКОПЈЕ, 18.04.2012 – Членовите на Советот за радиодифузија на денешната седница едногласно го избраа м-р Зоран Трајчевски за нов претседател на СРД по констатирањето на завршувањето на мандатите на тројцата поранешни членови, академик Али Алиу, проф. Томе Груевски и Зоран Стефаноски.[…]

06.04.2012г. СРД им ги одзеде дозволите на „Џангл ТВ“ и на „ТВ Перспектива“ (Скај Нет Плус)

СКОПЈЕ, 06.04.2012 – На денешната седница СРД одлучи да им ја одземе дозволата на ТВ „Џангл“ и ТВ „Перспектива“ поради неемитување на програмскиот сервис преку сателит и неплаќање на надоместокот за дозволата во рокот утврден во дозволата.

[…]

06.04.2012г. ТВ Сител ги има ексклузивните права за емитување на натпреварите на ракометните квалификациски турнири за Олимписките игри 2012

СКОПЈЕ 06.04.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на сите оператори на јавна комуникациска мрежа (кабелски, IPTV, DVB-T), коишто реемитуваат странски програмски сервиси во Р. Македонија, а на кои ќе се врши пренос на ракометните квалификациски турнири за пласман на Олимписките игри во Лондон, им наложи да вршат затемнување на екраните, во периодот кога ќе се реемитуваат овие турнири.[…]

03.04.2012г. Претставници од СРД даваат активен придонес на конференцијата „Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми“

ОХРИД, 3 април, 2012 – Претставници од медиумите, од Советот за радиодифузија, како регулаторно тело за електронски медиуми, од професионалните здруженија на новинарите, странски експерти по медиумска регулација денеска во Охрид учествуваат на конференцијата „Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми“, што заеднички ја организираат Делегацијата на Европската унија во Македонија и германската Фондација „Конрад Аденауер“.

[…]



Accessibility

Accessibility