06.04.2012г. СРД им ги одзеде дозволите на „Џангл ТВ“ и на „ТВ Перспектива“ (Скај Нет Плус)

image_pdfimage_print
СКОПЈЕ, 06.04.2012 – На денешната седница СРД одлучи да им ја одземе дозволата на ТВ „Џангл“ и ТВ „Перспектива“ поради неемитување на програмскиот сервис преку сателит и неплаќање на надоместокот за дозволата во рокот утврден во дозволата.

На ТВ АБ канал и’ е даден рок од 15 дена да ги регулира техничките проблеми и да започне да емитува преку сателит. ТВ „Пинк 15 минус“ најави плаќање на долгот кон СРД во текот на денешниот ден и затоа  одлуката за дозволата на оваа телевизија е одложена за седницата во вторник. „Наша ТВ“ и ТВ „24Вести“ ги исполнија обврските кон СРД и го регулираа нивното емитување преку сателит.
По претставка во однос на објавување на лични податоци, СРД му испрати укажување на ТВ Сител дека при известување за настани, треба да се придржува кон принципот на заштита на приватноста и достоинството на личноста и за овој настан СРД реши да ја извести Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ.


Accessibility

Accessibility