31.05.2012г. Претставници од СРД даваат активен придонес на 35-тиот состанок на ЕПРА

image_pdfimage_print

ПОРТОРОЖ, 31.05.2012 – Во периодот 30 мај – 1 јуни 2012 година во Порторож се одржува 35-от состанок на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА).

На овој значаен собир на европските регулатори, Република Македонија ја претставуваат Милаим Фетаи, заменик-претседател на СРД, и Методија Јанчески, член на СРД. Покрај учеството во официјалниот дел од програмата, македонската делегација оствари повеќе средби со дел од присутните  делегации.



Accessibility

Accessibility