ПОРТОРОЖ, 31.05.2012 – Во периодот 30 мај – 1 јуни 2012 година во Порторож се одржува 35-от состанок на Европската платформа на регулаторни тела (ЕПРА).
На овој значаен собир на европските регулатори, Република Македонија ја претставуваат Милаим Фетаи, заменик-претседател на СРД, и Методија Јанчески, член на СРД. Покрај учеството во официјалниот дел од програмата, македонската делегација оствари повеќе средби со дел од присутните делегации.