СКОПЈЕ, 04.06.2012 – Советот за радиодифузија утре (5 јуни) ќе биде домаќин на третиот технички состанок на Извршниот и Управниот одбор на проекот DigiTV од програмата за транснационална соработка од втората компонента на ИПА.
Дводневниот состанокот ќе го отворат: министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, претседателот на СРД, Зоран Трајчевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски.
Во овој проект, чијашто цел е промовирање на дигиталната терестријална телевизија и намалување на дигиталниот јаз, учествуваат регулаторни тела за медиуми и електронски комуникации и сродни организации од Австрија, Унгарија, Словенија, Италија, Хрватска, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.