13.06.2012г. СРД ги потсетува операторите на јавните комуникациски мрежи за забраната за реемитување на ЕП во фудбал од странски канали

СКОПЈЕ, 13.06.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги информира сите оператори на јавни комуникациски мрежи (кабелски, IPTV и DVB-T оператори) дека ексклузивните права за пренос на натпреварите од Европското првенство во фудбал 2012 за територијата на Р.

Македонија ги има јавниот радиодифузен сервис Македонска Радиотелевизија.

Затоа, СРД им укажува на сите оператори на јавни комуникациски мрежи дека не смеат да реемитуваат странски канали со натпревари од ЕП во фудбал 2012.



Accessibility

Accessibility