СКОПЈЕ 14.06.2012 – Претставници од медиумите, невладиниот сектор и од државни и јавни институции денеска учествуваат на јавната дебата, посветена на иднината на медиумската регулација, а што ја организира Советот за радиодифузија (СРД).
Сесиите се фокусираат на реформата на одредбите на рекламирањето што ги носи ЕУ директивата за аудио-визуелни медиумски услуги, регулација на новите медиумски услуги и регулирањето на медиумската концентрација во ново-медиумското опкружување.
Јавната дебата се одржува во конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.