16.06.2012г. Успешно завршена јавната дебата за иднината на медиумската регулација

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ 15.06.2012 – Над 80 претставници од медиумите од државни институции и од граѓанскиот сектор учествуваа на јавната дебата за иднината на медиумската регулација и регулацијата на новите медиуми, што ја организираше Советот за радиодифузија.

Обраќајќи им се на претставниците на медиумите, претседателот на СРД, Зоран Трајчевски, ги нагласи новите можности за развој на класичните медиуми во сферата на новите технологии како шанса за квалитативно збогатување на медиумскиот плурализам: „Новите начини на дистрибуција на аудио-визуелните содржини се можност за раст и прогрес на вашите медиумски бизниси. Не можеме да очекуваме медиуми, коишто немаат стабилно финансирање, кои преживуваат од една изборна кампања до друга, квалитативно да придонесуваат кон збогатување на медиумскиот плурализам. Тоа е само привид. На нашата земја и’ треба квалитетен медиумски форум за размена на идеи и ставови, а не медиуми кои се придружни бизниси и квази рекламни компании на главните бизниси на медиумските газди.“

Владеењето на правото е еден од носечките столбови на демократските општества. Неселективната примена на законите е обврска на СРД како регулаторно тело – порача Трајчевски, осигурувајќи им на радиодифзуерите: „Ние како регулаторно тело ја имаме задачата да ви создаваме услови за работа, да ви укажуваме, да ве едуцираме, да ве поддржуваме… мора сите нам да ни е јасно дека владеењето на правото и неговата неселективна имплементација е одлика на просперитетниот свет.“

Во натамошниот тек на јавната дебата, подетализирано беше разгледана регулацијата за рекламирање и реформата што ја предвидува ЕУ Директивата за аудио-визуелни медиумски услуги.

Предмет на дискусија беа и прашањата дали и каква регулација е потребна на новите медиуми и нелинеарните медиумски услуги и како да се зачува и негува медиумскиот плурализам во новомедиумското опкружување.

 

Документи за преземање:

Говор на претседателот Зоран Трајчевски

Презентација за реформата на регулацијата за комерцијалните комуникации

Презентација за регулацијата на новите медиуми

Презентација за медиумската коцентрација во новомедиумско опкружување



Accessibility

Accessibility