18.06.2012г. Шефот на ЕУ делегацијата и претседателот на СРД разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете институции

СКОПЈЕ, 18.06.2012 – Унапредување на соработката меѓу Советот за радиодифузија (СРД) и Делегацијата на Европската унија (ДЕУ) во Р. Македонија беше темата на разговор меѓу претседателот на СРД, Зоран Трајчевски и шефот на ДЕУ, амбасадорот Аиво Орав.

Првата заедничка средба за запознавање со амбасадорот на ЕУ во земјава, г. Трајчевски ја искористи за претставување на стратешките активности на кои работи СРД во однос регулирањето на пазарот на радиодифузната дејност и евро-интеграциите.

СРД, инаку,  активно учествува и во проекти, финансирани од претпристапните фондови на ЕУ наменети за градење на институционалните капацитети и исполнување на европското аки.



Accessibility

Accessibility