21.06.2012г. Три дена забрана за рекламирање и телешопинг за ТВ Канал5

СКОПЈЕ 21.06.2012 – Советот за радиодифузија на ТВ Канал 5 денеска и’ изрече мерка „три дена забрана за рекламирање и телешопинг“, поради емитување на промотивен рекламен спот на 20 и 21 јуни, со кој беше прекршен Законот за радиодифузната дејност.

Анализата на емитуваниот промотивен спот, којшто имал првична цел да најави нова серија, покажа дека ТВ Канал 5 ги има прекршено членот 87 од Законот за радиодифузната дејност, односно овој радиодифузер емитувал рекламен спот за самопромотивни цели, кој е невистинит (лажна авионска несреќа) и ја заведува јавноста (емитување промотивен спот во форма на вонредни вести). СРД констатираше и прекршување на законот со тоа што ТВ Канал 5 во реклама за самопромотивни цели користи лице кое редовно презентира вести со што е прекршен членот 105 од законот.
Итната седница на СРД беше одржана поради големиот број претставки од граѓаните, коишто се почувствуваа вознемирени од промотивните рекламни спотови.


Accessibility

Accessibility