19.07.2012г. СРД и Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе потпишат меморандум за соработка

СКОПЈЕ, 19.07.2012 – Претседателот на Советот за радиодифузија (СРД), м-р Зоран Трајчевски и деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ, д-р Миле Станковски, утре (20 јули) ќе потпишат меморандум за соработка,

чијашто цел е унапредување на соработката меѓу двете институции во научно-истражувачки, развојни и апликативни проекти, консултативни, експертски и образовни активности, студентски пракси и стипендии, давање заемна поддршка на промотивни активности и настани итн.

Настанот ќе се одржи утре (20 јули) на Факултетот за електротехника и информациски технологии, со почеток во 10:30 часот.



Accessibility

Accessibility