Регулаторните тела за медиуми на Македонија и Косово разменија искуства во областа на стратешкиот развој на медиумската сфера

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 11.09.2012 – Пренесување на искуствата и знаењата за подготовка на Националната стратегија за развој на радиодифузната дејност во Македонија, Планот за распределба на дигиталните мултиплекси и дигитализацијата на радиодифузијата беа во фокусот на денешниот состанок,

што се одржа во Советот за радиодифузија меѓу директорот на Независната комисија за медиуми на Косово, Наиле Красниќи и претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски.

 

Претставниците од работните тимови на СРД и Агенцијата за електронски комуникации на косовските колеги им ги пренесоа своите искуства во однос на пишувањето на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност за периодот 2013-2017 година, нагласувајќи го моментот на општествена инклузивност на сите чинители од областа на медиумите, електронските комуникации и информатичкото општество, владините институции и агенции, невладиниот сектор, заштитата на потрошувачите, заштитата на малолетните лица итн.

Планирано е Стратегијата за развојот на радиодифузната дејност СРД да ја усвои до крајот на 2012 година.



Accessibility

Accessibility