12.09.2012г. Претседателот на СРД се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 12.09.2012 – Подготовката на Стратегијата за развој на радиодифузната дејност за периодот 2013-2017, спроведувањето на Законот за радиодифузната дејност, особено во делот на сопственичката структура на медиумите и почитувањето на авторските и сродните права од страна на операторите на јавните комуникациски мрежи,

како и новата медиумска легислатива беа темите за разговор на состанокот меѓу претседателот на СРД, м-р Зоран Трајчевски и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет.

Претседателот Трајчевски на амбасадорот Брет исто така му ги презентираше и секојдневните активности што ги презема СРД во насока на зајакнување на капацитетите како регулаторно тело за медиуми.

Ова е прва протоколарна посета на претседателот Трајчевски на Мисијата на ОБСЕ по неговото назначување за претседател на СРД во април оваа година.



Accessibility

Accessibility