СКОПЈЕ, 16.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги отфрла обвинувањата на политичката партија СДСМ, во однос на реемитувањето на австралиската телевизија Best of Macedonia (BOM) во Р. Македонија.
СРД го спроведува Законот за радиодифузната дејност подеднакво кон сите домашни радиодифузери, а во однос на реемитувањето на странските канали во целост ги почитува како домашните закони така и странските директиви и конвенции, што исто така важи и за реемитувањето на австралиската телевизија BOM.
СРД ги повикува сите политички субјекти во земјата да се воздржуваат од вршење присток врз него како независно регулаторно тело.