18.09.2012г. СРД доби нов допис за сопственста на BOM и К-15 Music

Советот за радиодифузија на Република Македонија ја информира македонската јавност дека денеска (18 септември 2012 година) доби допис од австралиската компанија TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd, во кој се наведува дека го откупила комплетниот бизнис на United Broadcasting International (UBI World TV), каналите, корисниците, лиценците за радиодифузија, веб страниците на  UBI, BOM, К-15 music,  како и сите поврзани марки.

Во писмото се вели дека компанијата Sydney Community TV (SCTV), која минатата недела испратила писмо до Советот за радиодифузија, во кое тврди дека ги поседува авторските права за BOM и K-15 music, е избришана од Австралискиот регистар на компании. Понатаму, TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd наведува дека писмото и тврдењето на SCTV за поседување на правата за реемитување на BOM и K-15 music се измама, односно дека TV Plus, на 29 јуни 2012 година, го купила целокупниот бизнис на UBI, вклучувајќи ги и авторските права за реемитување на BOM и K-15 music.
Во прилог на ова соопштение го доставуваме оригиналот и преводот на интегралниот текст на писмото на TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd во врска со К-15 и BОМ (Best of Macedonia).

Почитуван Претседателе,

 

Австралиската компанија TV Plus работи како лиценциран PAY TV провајдер од 2004 година. Ние емитуваме преку сателит повеќе од 50 ТВ-канали, некои добро познати канали од балканскиот регион, вклучувајќи ги и MKTV SAT, RTS SAT, RTRS, BHT1, а од Македонија Сител и ТВ Орбис.
TV Plus Broadcasting Company PTY Ltd го купи бизнисот на United Broadcasting International (UBI World TV) на 29 јуни 2012 година.

 

Овој откуп го вклучуваше комплетниот бизнис на UBI, каналите, корисниците, дозволите за вршење радиодифузна дејност, веб страниците на  UBI, BOM, К-15 music, како и сите поврзани марки.
Бевме информирани дека некои лица, коишто тврдат дека ја претставуваат Sydney Community TV (SCTV), тврделе дека ги имаат правата за BOM, K-15 music  и MIS TV. Ова претставување и писмото коешто наводно го потпишала г-ѓа Милена Миковиќ е измама. Лицето коешто е наведено, г-ѓа Милена, не го потпишала ова писмо, ниту била овластена нејзиниот потпис да стои на него.

 

Исто така, SCTV престана да работи одреден период и како што е наведено во Австралискиот регистар на компании www.asic.gov.au, таа била избришана од регистарот минатиот месец.
Со овој допис бараме Вашата институција официјално да потврди дека сопственоста, правата и интересите во смисла на правата за емитување и диструбуција за Република Македонија да и’ бидат пренесени и доделени на TV Plus Broadcasting Company. Освен тоа, би сакал да Ве информирам дека на локалната компанија „ИНТВАУ“ ДООЕЛ ОХРИД и’ дадовме застапувачки, маркетинг и агенциски овластувања.
Разбрав дека денеска ќе одржите состанок, но немавме доволно време да Ви доставиме дополнителни информации. Доколку сте подготвени да почекате неколку денови, ќе можеме да Ви обезбедиме дополнителна документација што ќе го потврди ова.

 

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирјате ме на +61 3 90133200 или на е-пошта james@tvplus.com.au

Срдечен поздрав
Џејмс Харис
Менаџер на оператива
TV Plus



Accessibility

Accessibility