25.09.2012г. ДЕМАНТ за написот во дневниот весник ДЕН со наслов: „Кој е кој во австралискиот радиодифузен сектор?“

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 25.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) ги демантира наводите во дневниот весник ДЕН од 25 септември 2012 година во однос на тоа дека добил материјал од кој може да се заклучи дека фирмата што се претставува како SCTV е легална.

Документите што стигнаа до СРД од оваа фирма имаат многу недоследности, како што се различно лого во различни дописи, отсуство на печати, а во последниот случај и со потписи на трети лица, коишто тврдат дека тие потписи не се веродостојни.  Во документацијата што се доставува се изнесуваат само тврдења без презентација на правно валидни документи, што би ги поткрепиле овие тврдења.

Сите овие недоследности, вклучително и печатите, коишто се средство за правна валидација и во Европската унија и во конкретниот случај, во Австралија, не ја потврдуваат веродостојноста и легалното работење на фирмата, што се претставува како SCTV и којшто за себе тврди дека ги поседува брендовите BOM TV и K-15 Music.

 

Подолу се прикажани различните логоа што ги користи претходно споменатата фирма:



Accessibility

Accessibility