03.10.2012г. СРД го прифати барањето на Радиото Класик ФМ за промена на сопственичката структура

СКОПЈЕ, 03.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната 42-ра седница  го прифати барањето на ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ, Мартин Дооел од Скопје за промена на сопственичката структура, откога беше констатирано дека со предложената промена нема да се создаде недозволена медиумска концентрација. Со ова се исполни и условот за стопирање на постапката за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

Во однос на барањето од ТРД Радио Канал 77 од Штип во насока на хармонизирање на работењето со членот 11 од Законот за радиодифузија, СРД побара од овој радиодифузер да достави целосни податоци, вклучително и единствен матичен број на новото лице што влегува во сопственичката структура на радиодифузерот како и нотарски заверена изјава дека не го прекршува членот 11 од ЗРД. На овој начин СРД ќе ги прибере потребните податоци за да може да се осигури дека не постојат услови за настанување недозволена медиумска концентрација и ќе може да донесе одлука во однос на започнатата постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.



Accessibility

Accessibility