10.10.2012г. Работен состанок со радијата

image_pdfimage_print

 

СКОПЈЕ – 10.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска беше домаќин на работен состанок  со претставниците на радијата на национално и на регионално ниво. Овој состанок беше посветен на неколку аспекти од работењето на радиостаниците во Република Македонија, при што беа разгледани конкретни проблеми при спроведувањето на правилата за рекламирање и спонзорство.

Беше договорено радиодифузерите, до крајот на октомври, да достават конкретни предлози за можните начини за надминување на овие практични потешкотии, секако во согласност со Законот за радиодифузната дејност.

 

На средбата беа презентирани и акценти од податоците за навиките на публиката во Македонија во поглед на слушањето радио од Истражувањето на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите (извршено во текот на август 2012 година), кое по нарачка од Советот за радиодифузија го спроведе Институтот за демократија „Societas civilis“ – Скопје.

Деталните резултати од одговорите на прашањата за ставовите на публиката во поглед на радио-програмите можете да ги преземете на следниот линк.



Accessibility

Accessibility